Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Мадона ја замени Тејлор Момсен со Кели Озборн

Мадона ја замени Тејлор Момсен со Кели Озборн

Мадона и нејзината ќерка очигледно се фанови на трансформацијата на стилот и изгледот на Кели Озборн, затоа што решија Кели да биде новото заштитно лице на нивната модна колекција Material Girl.

Тејлор Момсен, Мадона и Кели ОзборнТејлор Момсен, Мадона и Кели Озборн

26-годишната ќерка на Ози и Шерон Озборн ќе ја замени ѕвездата од серијата „Gossip Girl“, Тејлор Момсен.

„Од Material Girl се пресреќни да ви потврдат дека Кели Озборн е новото лице за 2011г.“ – изјавил нивни претставник.

„Кели отсекогаш беше голема обожавателка на Мадона и неодамна дозна дека Лурдес ја смета за идол, па беше многу поласкана од тоа“ – пишува британскиот Sunday Mirror.

Мадона, Лурдес и ТејлорМадона, Лурдес и Тејлор

Material Girl е колекција на Мадона и нејзината 14-годишна ќерка Лурдес, која беше пуштена во продажба минатото лето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11122 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.