Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Линдзи Лохан осудена на 90 дена затвор

Линдзи Лохан осудена на 90 дена затвор

Линдзи Лохан неколку пати беше блиску до добивањето на затворска казна, но секогаш наоѓаше начин да се извади од непријатните ситуации. Вчера не се повтори тоа.

24-годишната актерка била осудена на 90 дена затвор, откако ја прекршила условната казна која ѝ била досудена за два инцидента што се случија во текот на 2007 година. Проблематичната актерка казната ја заслужила со тоа што пропуштила неколку часови за едукација за алкохол, коишто требало задолжително да ги посетува.

Според пресудата, по одлежувањето на затворската казна, Лохан треба 90 дена да биде дел од некоја програма за рехабилитација.

Линдзи ЛоханЛиндзи Лохан плаче во судот по изрекувањето на казната.

Судијката Марша Ревел не попушти ни пред солзите на Лохан, која се обидуваше да докаже дека обврските ѝ попречиле да присуствува на часовите за едукација за алкохол.

„Го сфаќав сериозно. Не очекував специјален третман. Не го сфаќам како шега. Во прашање е мојот живот и мојата кариера, нешто на коешто работев цел живот. Се трудев да го направам најдобро што можев“ – залудно Лохан се обидувала да го промени мислењето на судијката.

Странските медиуми известуваат дека Лохан ќе одлежи 25% од казната, што значи дека таа најверојатно ќе помине 23 дена во затвор. Линдзи треба да се предаде во судот на 20 јули.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11080 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.