Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лили Ален стана мајка на девојче

Лили Ален стана мајка на девојче

Лили Ален стана мајка на девојче. Иако информацијата не е потврдена од самата пејачка, странските медиуми се сигурни дека Лили и нејзиниот сопруг Сем Купер го добија своето долгопосакувано дете.

Раѓањето на малото девојче е особено среќна вест за парот затоа што Лили неодамна трагично го изгуби нивното неродено бебе. Минатиот ноември младата пејачка го изгуби бебето од Сем во шестиот месец од бременоста.

Тоа беше втор спонтан абортус за Лили, која во 2008 година во четвртиот месец од бременоста го изгуби бебето што го очекуваше со нејзиното тогашно момче, Ед Симонс од The Chemical Brothers.

Лили АленЛили Ален

Веста за раѓањето на девојчето на Twitter ја обелодени близок пријател и бивши партнер на Лили, Себ Чу, кој напиша: „Испраќам љубов до Лили, Сем и мини Купер... YES“.

Лили и СемЛили Ален и Сем Купер на нивната свадба

Лили ја објави веста за бременоста на нејзиниот свадбен ден во јуни.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11254 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.