Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лејди Гага ќе креира колекција со Донатела Версаче

Лејди Гага ќе креира колекција со Донатела Версаче

Лејди ГагаЛејди Гага

Мегапопуларната Лејди Гага е препознатлива по својот уникатен нестандарден стил на облекување и поради тоа многупати била или критикувана или пофалувана од модните експерти.

Својот вкус за мода таа реши да го пренесе во нова модна линија, која планира да ја создаде во соработка со Донатела Версаче.

„Би сакала да имам своја колекција. Тоа е нешто што сакам да го постигнам. Донатела Версаче е модна икона и на многу начини модата и музиката одат заедно“ – изјавила Лејди Гага за списанието OK.

Младата пејачка многу тешко ја поднела смртта на британскиот дизајнер Александар МекКвин и токму од тоа била инспирирана да создаде неколку скици.

„Гага е работохолик. Секогаш измислува нови идеи. Смртта на Александар навистина влијаеше врз неа. Отсекогаш ја сакаше модата, па нормално е да креира нејзина колекција“ – изјавил близок на 23-годишната пејачка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11169 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.