Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лејди Гага со нов рекорд на Twitter: 10 милиони следбеници

Лејди Гага со нов рекорд на Twitter: 10 милиони следбеници

Лејди Гага ги освојува друштвените мрежи. Но, додека на Facebook Еминем го држи тронот и не ѝ дава на Гага да стигне на врвот, 25-годишната пејачка го продолжува своето владеење на Twitter.

Лејди Гага

За време на викендот таа ја надмина бројката од 10 милиони следбеници и веднаш побрза да им се заблагодари за големата поддршка. „10 милиони чудовишта! Останав без зборови, успеавме! Болест е колку многу ве сакам. Го напуштам Лондон смеејќи се“ – напиша таа.

Лејди Гага

По Лејди Гага, најследен на Twitter е Џастин Бибер кој во моментов има 9 670 030 следбеници.

Во август минатата година ексцентричната Гага го презеде водството на Twitter од поп принцезата Бритни Спирс.

Денес се очекува Лејди Гага да го објави и својот најнов сингл, „Hair“. Во моментов таа ги освојува музичките топ листи со „The Edge of Glory“, „Born This Way„ и „Judas“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11427 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.