Почетна » Новости » Истражувања » Facebook и Twitter создаваат поголема зависност од цигарите и алкохолот

Facebook и Twitter создаваат поголема зависност од цигарите и алкохолот

Не можете да ѝ одолеете на желбата да видите што има ново на Facebook? Не се загрижувајте, не сте сами. Ново истражување покажало дека друштвените мрежи создаваат поголема зависност отколку цигарите и алкохолот.

Американски истражувачи тврдат дека ни е полесно да одбиеме пијалак отколку да останеме подалеку од Facebook.

Фејсбук зависност

Истражувачи од Чикаго „наоружале“ повеќе од 200 учесници со уреди преку кои ги регистрирале нивните секојдневни желби. Вкупно биле собрани 8.000 податоци за желбите на луѓето.

По направената анализа било заклучено дека во текот на денот луѓето најмногу копнеат за спиење и секс. Но, најтешко им е да ѝ одолеат на потребата да проверат што има ново на друштвените мрежи. Вилхем Хофман, кој го предводел истражувањето, на неодамнешна конференција изјавил дека ни е потешко да ѝ одолееме на желбата да се најавиме на Facebook или Twitter отколку да одбиеме цигара или чаша алкохол, иако се знае дека тие создаваат зависност.

Научниците велат дека дури и да се обидувате да ја игнорирате потребата да ѕирнете што има на Facebook, тоа нема да ве направи посилни, затоа што како што поминува денот, така нашата волја опаѓа.

„Како што поминува денот, така волјата ни се намалува и се зголемува веројатноста дека ќе ни пропаднат обидите за самоконтрола“ – изјавил Хофман, кој ќе ги објави резултатите од истражувањето во списанието Psychological Science.

Многу луѓе потсвесно веќе ја имаат почувствувано оваа силна „приврзаност“ кон друштвените мрежи. Голема е веројатноста дека досега барем еднаш сте се излажале дека можете да се откажете од Facebook и не сте успеале.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11433 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.