Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лејди Гага продава најмногу списанија, Тејлор Свифт најмалку

Лејди Гага продава најмногу списанија, Тејлор Свифт најмалку

Кога станува збор за списанијата, уредниците постојано се обидуваат да примамат славни личности кои би донеле многу продажби. Како резултат на тоа, секогаш на насловните страници се појавуваат мега-популарни личности, актуелни во моментот во кој се издава списанието.

Минатата година Лејди Гага се покажа како кралица на насловните страници. Земајќи ја во предвид нејзината популарност, тоа воопшто и не треба да нè чуди.

Според истражување на Women’s Wear Daily, Лејди Гага е ѕвездата која успева да им обезбеди на списанијата најголеми тиражи. Кога во јули таа се појави со огнено оружје на насловната страница на Rolling Stone, продажбите на списанието достигнале 245 000 примероци, што е за три пати повеќе од годишниот просек.

Септемвриското издание на Vanity Fair на чија насловна беше Гага било продадено во 450 000 примероци и претставува второ најпродавано издание на популарното списание. Априлското издание на Cosmopolitan достигнало продажба од 1,7 милиони примероци, а повторно Гага била лице од насловната.

Лејди Гага за Rolling Stone Лејди Гага за Cosmopolitan

Освен Лејди Гага, и Ријана го привлекува вниманието на купувачите кога ѕирка од насловните страни. Кога во јануари Ријана позираше топлес за насловната на GQ, таа успеа тоа издание да го направи второ најпродавано за годината. Августовското издание на Seventeen на чија насловна се појавила Ријана било изданието со најголем тираж за 2010г.

Ријана за GQ Ријана за Seventeen

Блејк Ливли, Џесика Симпсон и Ен Хетавеј се личности чија моќ да продаваат варира, но Тејлор Свифт е славната личност која воопшто не поседува моќ да привлекува купувачи на списанија.

Блејк Ливли за Vogue Блејк Ливли за Vogue

Кога Тејлор ја красеше насловната на Elle, списанието го доби најмалку продаваното издание за годината. Исто така, младата пејачка не успеа да привлече купувачи ниту кога се појави на првата страна на Glamour и на Marie Claire.

Тејлор Свифт за Elle Тејлор Свифт за Glamour

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11141 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.