Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Леонардо Дикаприо, Адел, Марк и Присила Закерберг меѓу највлијателните лица за 2016 година

Леонардо Дикаприо, Адел, Марк и Присила Закерберг меѓу највлијателните лица за 2016 година

Угледното списание Time ја објави традиционалната листа со 100 највлијателни лица на светот. Леонардо Дикаприо, Присила и Марк Закерберг, Ники Минаж, Кристин Лагард, Лин-Мануел Миранда и Пријанка Чопра се најдоа на шесте корици.

Највлијателни лица според „Time“

Леонардо Дикаприо

„Пред 20 години, Лео ги освои срцата на милиони вљубеници во филмот објавувајќи: „Јас сум крал на светот!“. Преку неговата работа и преку пример, денес тој инспирира многу повеќе лица да го спасат светот“ – пишува Џон Кери, државниот секретар на САД.

Највлијателни лица според „Time“ Највлијателни лица според „Time“

Присила и Марк Закерберг

„Присила и Марк се љубопитни. Амбициозни. Промислени. Со отворени умови и големи срца“ – пишуваат Бил и Мелинда Гејтс.

Највлијателни лица според „Time“

Лин-Мануел Миранда

„Лин-Мануел Миранда зачна, напиша и зеде учество во ремек-дело, зацементирајќи се како еден од најчудесните креативни умови на нашето време“ – пишува Џеј Џеј Абрамс за Миранда кој неодамна доби Пулицерова награда за бродвејскиот хит „Hamilton“.

Највлијателни лица според „Time“

Кристин Лагард

„Ниту една организација не е поважна за стабилноста на глобалната економија од Меѓународниот монетарен фонд. Одлуките кои доаѓаат оттаму влијаат на милијарди луѓе, па личноста која е на чело на ММФ мора да биде исклучителен, ефективен лидер. Кристин Лагард одговара на тој стандард. Таа смело го водеше ММФ низ турбулентна ера за светската економија од моментот кога беше избрана во 2011 година“ – пишува Џенет Јелен, претседателката на Управата на федералните резерви на САД.

Највлијателни лица според „Time“

Ники Минаж

„Го видов потенцијалот на Ники уште во првиот момент кога ја здогледав. Таа достигна многу подалеку отколку што можев да замислам“ – пишува Лил Вејн.

Највлијателни лица според „Time“ Највлијателни лица според „Time“

Пријанка Чопра

„Пред да ја сретнам Пријанка Чопра, имав слушнато дека нејзиното име доаѓа од Боливуд и бев импресиониран: таа е убава, талентирана, има снимено речиси 50 филма и има добиено повеќе награди – огромна ѕвезда“ – пишува Двејн Џонсон.

Највлијателни лица според „Time“

На листата се најдоа и пејачките Адел и Аријана Гранде, актерките Мелиса Мекарти и Шарлиз Терон, дизајнерот Рикардо Тиши, моделот Карли Клос, спортистите Луис Хамилтон и Ронда Роузи, папата Францис и лидерот на Apple, Тим Кук.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9484 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.