Кристијано Роналдо со семејството се пресели во Манчестер по неговиот трансфер во ФК Манчестер Јунајтед.
36-годишниот фудбалер со девојката Џорџина Родригез и четирите деца позираше во градината од новиот дом. „Кој вели дека нема сонце во Манчестер?“ – напиша тој во описот на фотографиите со Кристијано Џуниор, Алана Мартина и близнаците Ева и Матео.


И Џорџина сподели албум и напиша: „Колку ми недостасуваше да живеам во Британија“.



Еве како изгледа семејниот дом на славниот спортист:


