Криси Тиген е посветена на приватниот живот додека го очекува своето второ дете. Популарниот модел ужива со ќеркичката Луна, а нивните прошетки редовно се документирани од неуморните папараци.
Облечена во фустан со точкест принт од брендот на Алекса Чанг, кожена јакна и модерни чизми, Криси се релаксираше со малото девојче низ Сохо, Њујорк.
И Џон Леџенд им се придружи на Криси и Луна за лежерно излегување. Семејството беше фотографирано по посета на парк.
Претходно, Криси и Џон, кои наскоро ќе добијат синче, посетија изложба.