Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кајли Џенер и Тревис Скот се разделуваат по 2-годишна врска

Кајли Џенер и Тревис Скот се разделуваат по 2-годишна врска

Кајли Џенер и Тревис Скот не се повеќе заедно. Според извори на странските медиуми, двајцата партнери пред неколку недели одлучиле да се разделат и сега живеат во различни домови, но продолжуваат да комуницираат за доброто на нивната 22-месечна ќерка Сторми.

TMZ прв ја пренесе веста дека 22-годишната ѕвезда од „Keeping Up with the Kardashians“ и 28-годишниот рапер се разделуваат, но дека двајцата ќе го делат старателството над Сторми.

Кајли Џенер и Тревис Скот

Извори блиски до парот ја потврдија веста за реномираното списание People. „Тие сакаат да поминат некое време разделени, но не засекогаш. Сè уште имаат проблеми со довербата, а нивните проблеми уште повеќе се засилија поради стресот од нивниот начин на живот“ – рекол изворот.

Скот не беше присутен на неодамнешната свадба на Џастин Бибер и Хејли Болдвин, од каде Кајли сподели фотографии на Instagram.

Кајли Џенер и Тревис Скот Кајли Џенер и Тревис Скот

Парот последен пат беше виден на јавен настан на премиерата на документарниот филм на Тревис „Look Mom, I Can Fly“ во Санта Моника.

Кајли Џенер и Тревис Скот

Кајли и Тревис се запознаа на Коачела во 2017 година, а неколку месеци подоцна Кајли забремени. Таа ја роди Сторми на 20-годишна возраст.

Кајли Џенер и Тревис Скот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11333 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.