Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кајли Миног ја прекина свршувачката со 19 години помладиот Џошуа Сас, по гласините дека тој ја изневерил

Кајли Миног ја прекина свршувачката со 19 години помладиот Џошуа Сас, по гласините дека тој ја изневерил

Кајли Миног раскина со Џошуа Сас. Славниот пар, кој се вери пред една година, официјално ја прекина свршувачката.

Додека кружат гласини дека 48-годишната музичка ѕвезда ја заврши врската со 29-годишниот актер поради негово неверство, Миног со пост на Instagram ја потврди веста. Во описот на фотографија од зајдисонце, Кајли истакна дека таа и Џош се во добри односи и дека си посакуваат сè најдобро еден со друг.

Кајли Миног и Џошуа Сас

„Ви благодарам на сите за вашата љубов и поддршка низ ова поглавје од мојот живот. Ви благодарам за љубовта и разбирањето за веста дека јас и Џош решивме да одиме по различни патишта. Ние си посакуваме само најдобро еден со друг“ – стои во описот.

Кајли Миног и Џошуа Сас

Тие се запознаа во 2015 година на снимањето на серијата „Galavant“, а беа во врска околу шест месеци пред Кајли да го прифати предлогот за брак на Џошуа.

Кајли Миног и Џошуа Сас Кајли Миног и Џошуа Сас

Се шпекулира дека Џошуа ја изневери Кајли со шпанската актерка Марта Миланс.

МартаМарта Миланс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11206 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.