Кајли Миног присуствуваше на манифестација во Лондон по повод доделувањето на наградите на GQ. Машкото списание, годинава ја прогласи славната пејачка за „Икона“.
51-годишната музичарка изгледаше заљубено и среќно додека се бакнуваше и позираше на црвениот тепих со својот сакан Пол Соломон.






Миног изгледаше одлично во креација од колекцијата есен/зима 2019 на Ралф и Русо.








Зад сцената, Кајли позираше и со Никол Кидман, која ја прими наградата за Најдобра актерка.



