Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кание Вест се враќа на сцената со спот за „Power“

Кание Вест се враќа на сцената со спот за „Power“

Омотот на „Power“Омотот на „Power“

По премиерата на новиот спот на Еминем и Ријана, на музичкиот канал MTV премиерно беше прикажан новиот спот на Кание Вест за синглот „Power“.

Многу негови обожаватели останаа со знак прашалник на лицата и сè уште се обидуваат да откријат која е поентата на спотот кој трае само 90 секунди. Наместо стандарден музички спот, Кание ја изненади својата публика со т.н. „видео слика“.

„Не е видео... тоа е слика!“ – напиша тој на Twitter еден ден пред премиерата.

Марко Брамбила, режисерот на спотот, изјавил дека сакале ѝ дадат современ изглед на идејата некој што е бесмртен подоцна да стане смртен и да го прикажат тоа на начин што ќе ја поврзе со историјата на уметноста.

Кание Вест е централна фигура и симболизира моќ. Тој е поставен во средината, носи црна блуза и голем ланец (што го носеше на доделувањето на BET наградите) и како што се оддалечува камерата од него, се прикажуваат повеќе жени, некои од нив светици, некои грешници, a и неколку мажи.

„Power“ ќе биде дел од претстојниот албум на американскиот рапер.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11083 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.