Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Камила Кабејо во портокалови бикини ужива на јахта со пријатели во Позитано

Камила Кабејо во портокалови бикини ужива на јахта со пријатели во Позитано

Камила Кабејо ужива во Италија.

25-годишната пејачка беше фотографирана додека се забавуваше и разладуваше на јахта со пријатели во Позитано. На медитеранскиот одмор, младата музичарка носеше портокалови бикини.

Камила Кабејо Камила Кабејо Камила Кабејо Камила Кабејо Камила Кабејо Камила Кабејо

Иако Камила секогаш изгледа самоуверено во сопствената кожа, таа не крие дека ја вознемируваат коментарите кои ги добива на папараци фотографиите. Во април годинава, таа напиша:

Секојпат кога ќе одам во овој клуб на плажа во Мајами ме фотографираат папараци – на некој начин, само што ќе се пријавам на рецепција, папараците знаат и ме фотографираат по бикини и секојпат се чувствувам многу ранливо и неподготвено. Носев бикини кои беа премали и не обрнував внимание како изгледам, а тогаш ги здогледав фотографиите онлајн и коментарите беа многу вознемирувачки.

Се потсетив себеси дека тоа влијае на мојата самодоверба и дека во мојата глава беа мислите на општеството, а не моите мисли. Општество кое се навикна на слика за тоа како изгледа „здраво“ тело на една жена, која е комплетно нереална за многу жени.

Фотошоп, рестриктивна исхрана, прекумерно вежбање и избирање на агли кои прават нашите тела да изгледаат поразлично отколку што изгледаат во моментот на нивната природна форма, кога земаме длабок здив, кога јадеме оброк, кога им дозволуваме на брановите да си поиграат со нас. Се потсетувам себеси на ова, слушам подкасти за интуитивно јадење, следам жени кои ги прифаќаат целулитот, стриите, стомачето, подуеноста и флуктуациите во тежината... и сè. Јас сум сингл девојка во нејзините 20-ти години, сред тон промоции и сакам да се чувствувам „убаво“.

Денес, зедов нови бикини, сладок аутфит, си ставив балсам на усните и не јадев ништо тешко пред да одам на ОКЕАН, бидејќи знаев дека ќе има буквално цела фотосесија.

Си го стискав стомакот толку силно што стомачните почнаа да ме болат, не дишев, едвај се смеев и постојано бев свесна каде се папараците, поради што не можев да се релаксирам и да го правам тоа што се прави во природа.

Се обидов да се преправам дека не се таму, но не можев и си го задржував здивот додека одев од лежалката до водата.

Здогледав група мали деца кои се смешкаа од возбуда додека брановите ги превртуваа – без очила за сонце, без накит, без да бидат самосвесни, само детска невиност – што е чувството поради кое отсекогаш сум одела во природа.

Знаев дека изгледам „добро“ на фотографиите и сметав дека ќе чувствувам постигнување, но всушност, никогаш не сум си поминала толку лошо на плажа. Ја чувствував празнината и тагата што мислите на нашето општество станаа мои мисли.

Сакав да зборувам за ова бидејќи гледаме фотографии од жени и ги фалиме што изгледаат убаво, што изгледаат фит или „здраво“, но што е здравје ако си постојано фиксиран за мислата како изгледа твоето тело, поради што страда твоето ментално здравје и не можеш да уживаш во животот?

За кого се обидувам да изгледам атрактивно и дали јас си сум привлечна себеси, ако не можам да се опуштам и релаксирам, да се забавувам на еден прекрасен ден на плажа? Сè уште не сум стигната на таа точка во моето патување кога овие нешта нема да допираат до мене. Интелектуално, знам дека мојот изглед не одредува колку сум здрава, среќна или секси. Емотивно, пораките кои ги добивам од светот се гласни во мојата глава. Иронично, цела терапија, цела внатрешна работа е да се обидам повторно да се чувствувам како 7-годишната јас на плажа. Тагувам за неа денес. Среќна, смешна девојка која глуми дека е сирена, СЛОБОДНА!

П.С. Избегав кај базенот со надеж дека нема да ме уловат, но тие буквално се криеја во грмушките. Понекогаш сум истоштена.

Камила Кабејо Камила Кабејо Камила Кабејо Камила Кабејо Камила Кабејо Камила Кабејо Камила Кабејо Камила Кабејо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.