Гвинет Палтроу го прослави својот 48-ми роденден. По тој повод, славната холивудска актерка објави фотографија на која позира гола.
„Во ништо друго, само во мојот костим од раѓање“ – напиша таа во описот.

Нејзиниот сопруг Бред Фелчак со порака и фотографија на Instagram ѝ го честиташе роденденот. „Таа е 48 години денес. Прави пица од нула, никогаш не доцни за коктел, прави да мислиш дека е лесно да изгледаш убаво и никогаш не пропушта можност да му покаже на „шупак“ каде му е местото. Таа прави пријателите да се чувствуваат како семејство. Верувајте ми, таа е најдобрата. Среќен, среќен, среќен роденден убавице. Те сакам“ – пишува тој.
Гвинет и Бред стапија во брак во 2018 година.
