Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Гвинет Палтроу сними спот за „Country Strong“

ВИДЕО: Гвинет Палтроу сними спот за „Country Strong“

Гвинет Палтроу ја зеде гитарата в раце и го покажа својот музички талент во спотот за песната „Country Strong“, која е дел од истоимениот филм.

Гвинет ПалтроуГвинет Палтроу во улогата на Кели Кантер во филмот „Country Strong“

38-годишната актерка признала дека нејзиниот сопруг Крис Мартин ѝ помогнал многу со музикалноста, но дека не и било лесно да свири пред него.

„Многу е засрамувачки да треба да свириш пред својот сопруг, особено кога тој е во еден од светски најуспешните бендови“ – изјавила Гвинет за списанието Harper’s Bazaar.

Во видеото се прикажуваат сцени од филмот, кој треба да ја доживее својата премиера на 22 декември. Тим Мекгро и Лејтон Мистер се дел од екипата на „Country Strong“.

А еве го и спотот на Гвинет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11608 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.