Моника Белучи и Дева Касел беа магнети за погледи на свечен настан организиран од Cartier во Париз.
59-годишната актерка и нејзината 19-годишна ќерка мамеа воздишки кај присутните појавувајќи се во софистицирани модни комбинации во црна боја.
Холивудската актерка зрачеше со безвременска елеганција во женски костум со здолниште со висок шлиц од Долче и Габана, додека Дева шармираше во црна креација од Диор.









