Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Изненадување: Реакцијата на Дејвид Бекам кога синот Бруклин ненадејно ќе се појави на неговиот роденден

Изненадување: Реакцијата на Дејвид Бекам кога синот Бруклин ненадејно ќе се појави на неговиот роденден

Вчера Дејвид Бекам наполни 43 години. И додека сите членови од неговото семејство му го честитаа роденденот со пораки и фотографии на Instagram, најголемиот син одлучи да го изненади на поинаков начин.

Бруклин Бекам, кој моментално студира во Њујорк, ненадејно се појави во ресторанот во Лондон каде што поранешниот фудбалер го славеше роденденот. Во видеото, 19-годишното момче го гушка татко си од зад грб, а Дејвид едвај успева да ги контролира емоциите.

Видео

„Најубавото роденденско изненадување, моето големо момче си дојде дома“ – напиша тој во описот на видеото, кое за само неколку часа е предледувано 6,5 милиони пати.

Бруклин објави и фотографија на која позира со татко си.

Happy birthday dad xx I love you to the moon and back

A post shared by bb (@brooklynbeckham) on

Еве ги пораките и на малата Харпер, Викторија и синовите Круз и Ромео.

„Драг татичко, среќен роденден. Се надевам дека ќе ти се допаднат прекрасните подароци. Со љубов, Харпер. Те сакам многу многу тато“ – вели Харпер во видеото објавено од Викторија.

„Среќен роденден на најдобриот татко. Сите те сакаме премногу. Многу бакнежи од сите нас. Ни недостигаш Бруклин Бекам“ – напиша 44-годишната дизајнерка во описот на фотографијата.

13-годишниот Круз на татко си му порача: „Среќен роденден на најдобриот татко на светот, те сакам многу и се надевам дека ќе имаш неверојатен ден“.

Слична порака на Instagram напиша и 15-годишниот Ромео.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.