Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Викторија Бекам со видео од ќеркичката и фотографија му го честиташе роденденот на Дејвид

Викторија Бекам со видео од ќеркичката и фотографија му го честиташе роденденот на Дејвид

Семејството Бекам секогаш ги одбележува родендените со пораки и фотографии на социјалните мрежи. Четириесет и третиот роденден на Дејвид Бекам не беше исклучок.

Викторија Бекам и двете деца Ромео и Круз со пораки и фотографии на Instagram му го честитаа роденденот на поранешниот фудбалер.

44-годишната дизајнерка пред објави видео во кое слатката ќерка Харпер му чита роденденска честитка на татко си, а потоа објави и фотографија од Дејвид и трите деца. На неа недостига Бруклин, кој во моментов е на студии во Њујорк.

„Драг татичко, среќен роденден. Се надевам дека ќе ти се допаднат прекрасните подароци. Со љубов, Харпер. Те сакам многу многу тато“ – вели 6-годишното девојче во видеото.

„Среќен роденден на најдобриот татко. Сите те сакаме премногу. Многу бакнежи од сите нас. Ни недостигаш Бруклин Бекам“ – напиша таа во описот на фотографијата.

13-годишниот Круз на татко си му порача: „Среќен роденден на најдобриот татко на светот, те сакам многу и се надевам дека ќе имаш неверојатен ден“.

Слична порака на Instagram напиша и 15-годишниот Ромео.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.