Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Изгубив девет деца“: Шерон Стоун сподели дека имала 9 спонтани абортуси

„Изгубив девет деца“: Шерон Стоун сподели дека имала 9 спонтани абортуси

Шерон Стоун се отвори за една од најтешките и најболните теми за една жена – спонтаниот абортус.

64-годишната актерка откри дека има изгубено девет деца поради спонтани абортуси. Таа е мајка на три посвоени момчиња.

Шерон Стоун

Стоун ги сподели деталите во коментар на Instagram, на пост на списанието „People“ за спонтан абортус на танчарката Пета Мургатројд, која изгубила бебенце во својата утроба додека нејзиниот сопруг бил во Украина.

„Ние, како жени, немаме форум за да разговараме за длабочината на оваа загуба. Изгубив девет деца поради спонтан абортус. Тоа не е мала работа, ниту физички ниту емотивно, но сепак сме принудени да чувствуваме дека е нешто што треба да го надминеме сами и во тајност, со некакво чувство на неуспех. Наместо да го добиеме толку потребното сочувство, како и емпатијата и исцелувањето што ни се потребни“ – стои во пораката на Шерон.

Шерон Стоун

Стоун беше во брак со Фил Бронстејн кога доживеала неколку спонтани абортуси поради автоимуна болест и ендометриоза. Во 2000 година, тие заедно го посвоија синот Роан Џозеф.

Шерон и Фил се разведоа во 2003 година. Две години подоцна, таа го посвои синот Леард, а во 2006 година, стана мајка и на Квин.

Шерон Стоун Шерон Стоун Шерон Стоун

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11120 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.