Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Зошто сакате да изгледате како да имате 17 кога имате 70 години?“: Џејми Ли Кертис отворена за стареењето

„Зошто сакате да изгледате како да имате 17 кога имате 70 години?“: Џејми Ли Кертис отворена за стареењето

Џејми Ли Кертис е една од ретките холивудски ѕвезди која се залага за природен изглед и која е против естетските зафати.

Во најновото интервју со Лорејн Кин, 62-годишната актерка зборуваше за кратката седа коса, за прифаќањето на возраста и за терминот „анти-ејџинг“ кој постојано се користи во козметичката индустрија.

Џејми Ли Кертис

„Долго време се залагам за природната убавина, пред сè затоа што сум имала искуство и грешка на другата страна. Направив пластична операција – не функционираше. Ја мразев. Направи да се чувствувам полошо“ – рекла таа за нејзиното искуство со естетските зафати.

Џејми Ли Кертис

Низ годините, Џејми постојано експериментирала со должината и бојата на косата, но најмногу се пронашла во кратката пикси фризура.

„Пробав сè што е можно да се направи со косата. Лично за мене чувството беше понижувачко... Миризбата од хемикалиите, чувството на бојата врз мојата коса, седењето под фен... Се прашував зошто го правам тоа.“

„Многу рано во мојата карира си направив трајна фризура, а морав и да ја исфарбам косата за филмска улога и тоа ми ја изгоре целата коса. Кога првпат си ја истрижав косата кратко, си реков: ‘О, Боже! Сега изгледам како мене’“ – рекла Џејми.

Оттогаш, ѕвездата од „Halloween Kills“ повеќе на се фарба и на свеченостите гордо ја покажува седата коса.

Џејми Ли Кертис

„Исто така, се залагам за тоа да не се зае**вате со вашето лице. А терминот ‘анти-ејџинг’... Што? Што зборувате? Сите ќе остариме. Сите ќе умреме. Зошто сакате да изгледате како да имате 17 кога имате 70 години? Сакам да изгледам како 70 кога ќе имам 70“ – вели таа.

Ова не е првпат Кертис да зборува за моменталните трендови за убавина и за нејзиниот негативен став за нив.

„Моменталниот тренд на филери и процедури, како и опсесијата со филтрите и нештата кои ги правиме за да го прилагодиме нашиот изглед на Zoom, бришат цели генерации убавина. Кога еднаш ќе интервенирате на вашето лице, нема враќање назад“ – изјавила таа неодамна.

Џејми Ли Кертис

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11038 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.