Бурак Озчивит и Фахрије Евџен беа магнети за погледи на премиерата на „Can Feda“ во Истанбул.
Турските актери, кои кај нас се прославија со улогите на Неџла од „Кога лисјата паѓаат“ и Бали-бег од „Величествениот“, присуствуваа на прикажувањето на неговиот нов филм во Emaar Square Mall.
На црвениот тепих, убавите ѕвезди изгледаа елегантно и гламурозно.
Комбинезонот кој го носеше Фахрије е дело на дизајнерката Фидан Шимшек.
Бурак и Фахрије стапија во брак во јуни минатата година.