Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Згоден и посветен татко: Крис Хемсворт сам ѝ направи роденденска торта на ќерка си

Згоден и посветен татко: Крис Хемсворт сам ѝ направи роденденска торта на ќерка си

Крис Хемсворт ги покажа своите кулинарски вештини. 32-годишниот актер, познат по улогата на Тор од филмовите на Марвел, ги засука ракавите и сам ѝ направи роденденска торта на ќерка си, откако слаткарницата одби да ги услужи.

Згодниот Австралиец на својот профил на Instagram објави фотографија од домашно направената торта за малата Индија и во описот напиша: „Што се случува кога од слаткарницата велат дека немаат време за да направат торта за роденденот на твојата ќерка? Ти се вклучуваш и правиш сам!“.

Крис Хемсворт

Неговата сопруга Елза Патаки на Instagram објави фотографија на којашто Крис ја приготвува тортата.

Крис Хемсворт Крис Хемсворт

Крис и Елза имаат три деца – 4-годишната Индија и 2-годишните близначиња Тристан и Саша.

Крис Хемсворт и Елза Крис Хемсворт и Елза

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11430 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.