Џенифер Лопез и Алекс Родригез снимија романтична фотосесија за Vanity Fair.
Парот, кој за првпат сподели дека е во врска во март оваа година, застана пред фото-објективот на Марио Тестино.
48-годишната пејачка и актерка и 42-годишниот поранешен бејзбол играч позираа во лежерно, секси, спортско и елегантно издание.






