Александра Јанева и Иван Ангелов се на романтично патување во Венеција.
29-годишната пејачка и нејзиниот сопруг уживаа во „градот на каналите“ и споделија фотографии и видеа од италијанската авантура. Јанева беше облечена во кафеава комбинација додека позираше и се возеше на гондола со саканиот.
„Шармантна Венеција“ – напиша таа на објавата.









Александра и Иван се верија пред Ајфеловата кула во Париз во ноември 2023 година, а стапија во брак во август минатата година.

