Ен Хетавеј доби вистинска трансформација за новиот филм „The Witches“.
37-годишната актерка на Instagram сподели видеа и фотографии од подготовките за новата улога на вештерка. Многумина коментираа дека Ен е совршената актерка за оваа улога.






Филмот ја раскажува страшната, а истовремено и смешна, приказна за 7-годишно момче кое се среќава со вистински вештерки кои не сакаат деца. „The Witches“ е втор филм снимен според детската книга на писателот Роалд Дал.