Роберт Патинсон и Суки Вотерхаус се во врска 4 години, но дури сега за првпат заедно се појавија на јавен настан.
30-годишната актерка и 36-годишниот актер од „The Batman“ присуствуваа на ревијата на Диор во Гиза, Египет, каде се прикажуваше колекцијата за мажи за сезоната есен 2023 година. Суки носеше долг елегантен фустан со проѕирни ракави.











Суки и Роберт поттикнаа гласини дека се во врска во 2018 година. Тие ја држеа романсата подалеку од очите на јавноста, сè досега.

