Кајли Џенер и Тимоти Шаламе за првпат зачекорија заедно на црвениот тепих.
Славните партнери, кои често присуствуваат на големите свечености, но го избегнуваат фотографирањето пред фоторепортерите, сега конечно одлучија да се појават како вистински пар.
27-годишната риалити ѕвезда и 29-годишниот актер со широка насмевка позираа на доделувањето на филмските награди „David di Donatello“ во Рим. На оваа свеченост, Тимоти се закити со почесна награда.
Кајли ги истакна облините во креација од Schiaparelli, додека Тимоти избра костум од Tom Ford.







Тимоти и Кајли се во врска од септември 2023 година.



