Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Жртва за мода: Ким Кардашијан е принудена да скока по скали поради екстремно тесниот фустан

Жртва за мода: Ким Кардашијан е принудена да скока по скали поради екстремно тесниот фустан

Велат дека за убавина треба посветеност, а понекогаш и по некоја жртва.

Ким Кардашијан е позната по нејзината подготвеност да оди во екстремности за да ги презентира во најдобро светло стајлинзите кои ги избира.

41-годишната ѕвезда од „The Kardashians“ на TikTok сподели хумористично видео од забавата на Долче и Габана во рамките на Миланската модна недела. Во него се гледа дека таа е принудена да скока за да се качи по скали поради нејзиниот претесен фустан од италијанскиот моден бренд. Подоцна, Кардашијан наоѓа друг начин за качување по скалите – правејќи минијатурни чекори.

Видеото завршува со кадар на кој Ким ја напушта забавата и влегува во автомобил, што исто така не поминува без предизвици.

Коментарите на интернет корисниците се најразлични. Додека некои коментираат дека изгледа „смешно“ и „глупаво“, други ја нарекуваат „сирена“ и „модна икона“.

Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан

На забавата, Ким присуствуваше за да ја прослави соработката со Доменико Долче и Стефано Габана за новата колекција „Ciao, Kim“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.