Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Живнавме, да сме живи“: Насмевки, емоции и награди на „Златна бубамара на популарноста“

„Живнавме, да сме живи“: Насмевки, емоции и награди на „Златна бубамара на популарноста“

Под мотото „Да живнеме“, синоќа се одржа јубилејното 25-то издание на „Златна бубамара на популарноста“.

Во арената „Борис Трајковски“ во Скопје се врати нормалната комуникација со ракување, прегрнување и дружење меѓу присутните гости од земјава и регионот. Манифестацијата донесе многу забава, разбуди бројни емоции и до солзи ги насмеа присутните со незаменливите скечеви на Сашко Коцев, кој хумористично коментираше на најразлични теми, од вакцини до политички случувања.

Водени од желбата за вреднување на креативната продукција, организаторите на чело со Ранко Петровиќ им ги доделија наградите на најуспешните во годината која измина.

Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста

Наградите од продукцијата за деца ги додели слаткиот извидник Петар Ачкоски, кој со својата острумност и „омраза“ за грашокот стана вирален хит.

„Дајте музика“ беше прогласена за Најпопуларна детска ТВ емисија, „Светот на Биби“ се закити со статуетката за Најпопуларна анимирана ТВ серија, додека „Green Forces“ стана Најпопуларен тинејџерски хит.

Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста

Ристо Самарџиев, Наум Петрески, Благица Павловска и Васка Јанковска ја имаа честа да си заминат со статуетка за Трајни музички вредности. Награди за Животно дело добија Жељко Бебек, Ферус Мустафов и Љупчо Трајковски Фис.

Бенд на годината е „Фолтин“, Композитор на 2021 е Никола Мицевски, Најдобар спот имаат момците од Next Time, за Најдобар музички дует беа избрани Александар Митевски и Драган Спасовски, додека Најдобрата џез соработка е на Tavitijan Brothers.

Спортски херои станаа момците од Фудбалската репрезентација додека во рацете на Дејан Георгиевски заврши наградата Спортист на 2021, благодарение на освоеното сребро на Олимпијадата.

Наш најдобар Музички амбасадор е Симон Трпчевски.

Според организаторите, Најдобра емисија е „Агенда 21“ на Игор Џамбазов и Весна Петрушевска, додека Најпопуларното новогодишно шоу е „Преспав“ на продукцијата ОХО.

Ѕирнете како изгледаше на свечената манифестација:

Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11152 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.