Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Жените сметаат дека Бијонсе има најубаво тело

Жените сметаат дека Бијонсе има најубаво тело

Бијонсе на MTV VMA 2009Бијонсе на MTV VMA 2009

Истражување за оценување на атрактивноста на славните личности, спроведено од Twentieth Century Fox Home Entertainment, покажало дека 24% од жените ја сметаат Бијонсе за ѕвезда со најубаво тело.

Мажите од друга страна, не се согласиле со оваа одлука на женскиот пол и ја избрале Меган Фокс за ѕвезда со најсекси тело и за личност со која најмногу би сакале да се најдат во ист кревет.

Дури 34% од мажите и жените изјавиле дека Бијонсе има најдобар задник, а четвртина од нив дека има и најдобри нозе.

Слабата Викторија Бекам била оценета како славна личност со најлоша фигура од страна на двата пола.

Според истражувањето во кое учествувале 2000 Британци, мажите сметаат дека Меган Фокс и Анџелина Џоли имаат најубаво деколте, а жените и тоа признание ѝ го дале на Бијонсе.

Кира Најтли била прогласена за славна личност со најубаво лице и од мажите и од жените, а на второ место зад неа застанала Џенифер Анистон.

Анистон била избрана и за ѕвезда со најубава коса со 35% гласови од учесниците во истражувањето, а дури 28% од мажите ја посочиле како славна личност со која најмногу би сакале да се оженат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11091 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.