Жизел Бундшен се отвори за моментот кога требало да ги разголи градите на ревијата на Александар Меквин во 1998 година. Тогаш таа имала 18 години и за првпат дефилирала на Лондонската недела на модата.
41-годишната поранешна манекенка рече дека тоа бил најтрауматичниот момент во нејзината кариера и дека плачела кога видела што треба да носи на пистата.


Во интервју за „Вог“, сопругата на Том Брејди рече:
„Ова беше еден од најтрауматичните моменти. Немавме проби, па кога се појавив на шоуто, прашав што ќе носам. Тогаш, можев да изговорам неколку зборови на англиски, но не разбрав половина од нештата што ми ги кажаа, па се преправав дека разбирам. Немав поим. Прашав: ‘Дали е некаква маица или нешто?’ Ми рекоа: ‘Не, ќе го носиш ова’. Па, започнав да плачам“.
„Имав пердуви прикачени на трепките и како што плачев, тие се одлепуваа. Мејкап артистката ме молеше да престанам да плачам. Чекорев на пистата и цело време си мислев: ‘Се надевам дека татко ми никогаш нема да ги види овие фотографии’“
„Сè што сакав беше да си заминам, но тоа е едно од оние нешта кои ве прават посилни“ – вели Жизел во видеото.
Во своите мемоари, Жизел детално го има опишано искуството на таа ревија, на која требало да покаже три различни изгледи. Едниот бил здолниште, но без горен дел.
За среќа, нејзината мејкап артистка Вал ѝ помогнала, цртајќи горен дел со боја за да направи да се чувствува барем малку поудобно.
„Вал ми рече дека сум многу убава и дека модната писта е толку темна што никој нема да знае. Ако Вал не се појавеше тогаш, сериозно се сомневам дали ќе можев да дефилирам на ревијата“ – раскажала убавата Бразилка.



Во текот на кариерата Жизел многу внимавала колку од своето тело ќе покаже на модната писта. Во 2005 година, кога дефилирала на шоуто на Victoria’s Secret, инсистирала задникот да ѝ биде постојано покриен.
„Секогаш сакав да бидам сигурна дека задникот ќе ми биде покриен, бидејќи се чувствував неудобно кога чекорев на пистата со задникот разголен додека луѓето гледаа во мене“ – рекла таа.




Жизел и Том заедно имаат две деца – Вивиен и Бенџамин. Тој има уште еден син од претходна врска.

