Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Жизел Бундшен спаси желка заплеткана во рибарска мрежа и ја врати во океанот

ВИДЕО: Жизел Бундшен спаси желка заплеткана во рибарска мрежа и ја врати во океанот

Жизел Бундшен направи добро дело вредно за пофалба и го искористи за да ја подигне свеста кај луѓето за заштитата на животните.

41-годишната манекенка е љубителка на животни, па воопшто не се двоумела како да постапи кога видела желка заробена во рибарска мрежа на плажа. Таа брзо ја ослободила и самата ја однесла до океанот.

Случката беше снимена во видео кое сега таа го користи за да порача дека како човечки суштества, треба да им помагаме на сите животни.

Животот е серија од можности кои секојдневно ни се појавуваат, а ние избираме што ќе правиме со нив. Денешниот ден не беше различен. Рано утрово пешачев на плажата, Оникс започна да лае по куп ѓубре кој беше исфрлен од океанот. Кога се приближив, ја видов оваа убава желка превртена наопаку со безнадежен поглед и премореност во нејзините очи. Нејзиното тело беше заплеткано и заглавено во рибарска мрежа.

Веднаш започнав да ја ослободувам од мрежата, но дури и откако ја одврзав, таа беше премногу уморна за да стигне до океанот. Не мислев двапати, ја кренав и ја однесов до водата (неверојатно е како адреналинот може да ве направи посилни!) Ми олесни и бев пресреќна кога ја видов како слободно заплива. Бев благодарна што се најдов таму и што можев да ѝ помогнам.

За жал, има премногу животни кои умираат во вакви мрежи. Денешниот ден беше потсетник дека мораме да имаме поголема свест и дека треба да помогнеме да се зачуваат сите животни.

Се молам сите да се потсетиме дека можноста за промени започнува со една обична постапка.

Жизел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10625 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.