Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Егзотична убавина: Ријана во едиторијал инспириран од египетската кралица Нефертити

Егзотична убавина: Ријана во едиторијал инспириран од египетската кралица Нефертити

Ријана е на насловната страница на ноемвриското издание на „Вог“ Арабија. Славната пејачка позираше како египетската кралица Нефертити пред објективот на фотографот Грег Кадел.

Нефертити Нефертити

„Го посветуваме едиторијалот на силни и динамични жени кои го менуваат светот. Ријана, ѕвездата на нашата насловна страница, е една од нив. Таа не е само една од најуспешните поп-икони на сите времиња, која ја оформува забавната индустрија со нејзините моќни мелодии и уникатното чувство за стил, туку таа е и личност која се залага за разноличноста“ – вели Мануел Арнаут, уредникот на списанието.

Нефертити Нефертити Нефертити

Кралицата Нефертити била позната по нејзиниот шарм и била една од најобожаваните жени во историјата на Блискиот Исток. Името на славната кралица, која владеела покрај фараонот Акенатен пред околу 3.500 години, го означува доаѓањето на убава или совршена жена. Била активна на социјален и политички план и оттаму потекнува и нејзината денешна популарност како една од најмоќните жени во историјата.

Нефертити Нефертити Нефертити Нефертити

Ријана е само една од мноштвото славни личности кои пронаоѓаат инспирација во прочуената кралица Нефертити. Овој проект бил вистински предизвик за неа, но таа решила да го прифати ризикот и да влезе во улогата на Кралицата за потребите на едиторијалот. 29-годишната пејачка е позната љубителка на тетоважите, а меѓу многуте нејзини тетоважи се наоѓа и една од бистата на Нефертити, која денес се чува во Neues Museum во Берлин.

Нефертити Нефертити

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27153 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.