Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ева Лонгорија ќе биде водителка на MTV EMA 2010

Ева Лонгорија ќе биде водителка на MTV EMA 2010

Официјално е потврдено дека Ева Лонгорија ќе биде водителка на доделувањето на Европските музички награди на Ем-ти-ви.

Ева ЛонгоријаЕва Лонгорија Паркер

Манифестацијата ќе се одржи на 7-ми ноември во Мадрид, а се очекува да настапат многу звучни имиња од светот на музиката како Кети Пери, Linkin Park, Kings of Leon, Ke$ha и Kid Rock.

„Премногу сум возбудена што бев побарана да ги водам MTV EMA 2010, а тоа што ќе го правам во прекрасниот град Мадрид е шлаг на тортата. Со нетрпение чекам да видам прекрасни настапи, а ми се допаѓа тоа што изведувачи со најмногу номинации оваа година се две прекрасни жени“ – изјавила Ева.

Меѓу номинираните за освојување на награди се Лејди Гага, Кети Пери, Ријана, Еминем, Џастин Бибер и Шакира.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11207 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.