Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ева Лонгорија ја покажа фигурата за „Health“ и призна: „Не уживам да вежбам“

Ева Лонгорија ја покажа фигурата за „Health“ и призна: „Не уживам да вежбам“

Ева Лонгорија ги покажа своите облини во бикини за да ги разубави страниците на „Health“. 42-годишната актерка сними фотосесија за познатото списание и зборуваше за својата физичка активност.

„Не уживам да вежбам. Убаво се чувствувам откако ќе извежбам, но секогаш посакувам мојот тренер да не се појави. Секогаш си велам: Се надевам дека ќе откажи, се надевам дека ќе откажи“ – отворено изјавила ѕвездата од „Очајни домаќинки“ и додала дека обожава да трча.

Ева Лонгорија Ева Лонгорија

Во текот на интервјуто, Ева изјавила дека мотивацијата ја наоѓа во чашата вино. „Мојата мотивација исто така е во чашата вино на крајот на денот. Си велам: Ева, ако ја сакаш таа чаша вино, ова е тоа што мораш да го направиш“ – рекла таа.

Ева Лонгорија Ева Лонгорија Ева Лонгорија

Лонгорија признала кој бил аутфитот кој го има носено на црвениот тепих, но за кој најмногу се кае што го избрала. „На премиерата на „Tomb Raider“ носев кожен аутфит. Тоа беше соодветно за „Tomb Raider“, но беше како да одев на некоја тематска забава“ – рекла таа.

Ева Лонгорија Ева Лонгорија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11248 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.