Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Душо, не знам што ќе правам без тебе“: Пи Диди со емотивни постови се збогуваше со мајката на три негови деца

„Душо, не знам што ќе правам без тебе“: Пи Диди со емотивни постови се збогуваше со мајката на три негови деца

Пи Диди се огласи на социјалните мрежи по смртта на неговата поранешна девојка Ким Портер, со која има три деца. За неа, тој рече дека му била повеќе од сродна душа и вети дека ќе се грижи за нивното семејство како што таа го научила.

49-годишниот рапер објави четири постови на Instagram во чест на Ким – две видеа и две фотографии.

„Во изминативе три дена се обидувам да се разбудам од овој кошмар. Но, не можев. Душо, не знам што ќе правам без тебе. Многу ми недостигаш... Ние бевме многу повеќе од најдобри пријатели, повеќе од сродни души. Многу ми недостигаш...“ – напиша тој во описот на првото видео.

„Не може да се опише со зборови. Ќе те сакам засекогаш, до бесконечноста и назад“ – пишува на една од фотографиите со Ким.

Во последната објава од пред 4 часа, Диди напиша: „Ќе го изгледам нашето семејство исто како што ти ме научи. Засекогаш ќе те сакам!!! Не можам да поверувам во ова сра*е!!!“.

Ким Портер беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во Лос Анџелес во четвртокот наутро.

Портер и Диди започнаа да се состануваат на почетокот од 90-тите години. Нивното прво дете, синот Кристијан, се роди во 1998 година. Девет години подоцна, тие добија близначки.

Ким Портер Ким Портер

Парот ја прекина врската во 1999 година, по што Диди се состануваше две години со Џенифер Лопез. Откако се раздели со неа, тој повторно ја обнови романсата со Ким. Нивното заедничко љубовно патување заврши во 2007 година, но тие останаа добри пријатели и заедно со нивните деца ги славеа празниците и одеа на летувања.

Ким Портер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10601 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.