Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Тажните пораки на славните по смртта на Ким Портер, бившата девојка на Пи Диди со кого има три деца

Тажните пораки на славните по смртта на Ким Портер, бившата девојка на Пи Диди со кого има три деца

Ким Портер го напушти овој свет на 47-годишна возраст.

Актерката, која долги години имаше љубовна врска со раперот Пи Диди и е мајка на три негови деца, беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во Лос Анџелес.

Ким Портер Ким Портер Ким Портер Ким Портер

Сè уште нема официјална потврда која е точната причина за смртта на Ким, но TMZ објави дека таа со недели имала симптоми на грип и веројатно пневмонија. Полициски службеници пристигнале во домот на Портер вчера наутро откако добиле повик за лице кое доживеало срцев удар.

Ким Портер Ким Портер Ким Портер Ким ПортерНајлево е едната ќерка на Ким

„Диди е шокиран и многу вознемирен. Со Ким беа многу блиски пријатели и заедно ги растеа нивните деца и покрај неуспешната љубовна врска. Тие сè уште се семејство“ – изјавил извор близок на парот за People.

Портер и Диди започнаа да се состануваат на почетокот од 90-тите години. Нивното прво дете, синот Кристијан, се роди во 1998 година. Девет години подоцна, тие добија близначки.

Парот ја прекина врската во 1999 година, по што Диди се состануваше две години со Џенифер Лопез. Откако се раздели со неа, тој повторно ја обнови романсата со Ким. Нивното заедничко љубовно патување заврши во 2007 година, но тие останаа добри пријатели и заедно со нивните деца ги славеа празниците и одеа на летувања. Минатиот месец, тие за последен пат беа фотографирани заедно.

Ким имаше и уште еден син од претходна врска.

Ким Портер Ким Портер Ким Портер

Бројни славни личности на социјалните мрежи изразија сочувство до семејството на Портер.

Ријана

Славната музичка ѕвезда сподели пет фотографии и напиша: „Ова е тешко. Срцето ми е скршено за овој човек. Изгубивме вистинска личност денес, прекрасна и надворешно и внатрешно, многумина ќе бидат засегнати од ова. Некои нема да знаат ни зошто... но, целиот свет беше удостоен од живоста во твојот дух. Моето најдлабоко сочувство до оние кои беа благословени да ја познаваат и сакаат! Таа беше специјална личност! Ова дури не ми изгледа реално! Бог нека ги утеши и заштити нејзините деца и блиските!“

Миси Елиот

„Срцето ме боли за децата на Ким Портер. Мил Боже дај им сила да се потпрат еден на друг. Ким со целото срце ги сакаше нејзините деца... Таа беше многу ГОРДА на нив и тие ја САКАА мајка си премногу... Од оние кои те познаваа Ким, засекогаш ќе бидеш запаметена по твојата НАСМЕВКА, СМЕА и ДОБРО СРЦЕ.“

50 Cent

„Почивај во мир, Ким Портер, им испраќам сочувство на нејзините пријатели и на семејството. Таа беше сакана и ќе недостига премногу.“

Сиара

„Почивај во мир Ким Портер. Ова е премногу тажно и нереално!“

Ла Тоја Џексон

Сестрата на Мајкл Џексон, напиша: „Многу сум тажна што ја слушам трогателната вест за Ким Портер. Таа беше мила, љубезна, грижлива и прекрасна личност. Се молам за нејзиното семејство. До нејзините прекрасни деца: ‘Со вас сме’“.

Венди Вилијамс

Познатата водителка сподели фотографија од Ким и изрази сочувство до Диди и семејството.

Ким Портер Ким Портер Ким Портер Ким Портер Ким Портер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11411 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.