Дуа Липа доби албанско државјанство.
Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, лично ѝ го врачи државјанството на талентираната пејачка за нејзините заслуги за претставувањето на Албанците во светот преку музиката. Покрај неа стоеше целото нејзино семејство - родителите Дукаѓин и Анеса, братот Џин и сестрата Рина.
И претседателот Бегај и Дуа споделија фотографии од настанот.
Липа носеше креација од Ботега Венета.









26-годишната музичарка е родена во Лондон, а нејзините родители се од Косово. Тие ја напуштиле Приштина за време на конфликтот и заминале во Велика Британија. Во 2008 година, тие се вратиле да живеат во Приштина, каде Дуа научила албански јазик и ја започнала музичката кариера. На 15-годишна возраст таа се врати во Лондон, а во август 2015 година го објави првиот сингл „New Love“.
