Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Дизајнерот Александар МекКвин се самоуби

Дизајнерот Александар МекКвин се самоуби

Денес светската модна индустрија тагува поради загубата на еден од своите најголеми таленти. Британскиот дизајнер Александар МекКвин е пронајден мртов во неговиот стан во центарот на Лондон.

Безживотното тело на 40-годишниот дизајнер било пронајдено околу 10 часот ова утро. Полицијата изјавила дека нема ништо сомнително во смртта на МекКвин, но сè уште нема официјална изјава. Неофицијално станува збор за самоубиство.

Александар МекКвин Британскиот дизајнер Александар МекКвин е пронајден мртов во неговиот стан во центарот на Лондон.

Трагичниот настан се случи само десет дена по смртта на неговата мајка. Се верува дека депресијата поради огромната загубата го натерала МекКвин да си го одземе животот. Тој бил особено близок со својата мајка. Во интервју во 2004 година, таа го запрашала: „Кој е твојот најголем страв?“, а тој ѝ одговорил „Да умрам пред тебе“. На тој одговор таа му возвратила „Благодарам сине“.

Вистинското негово име е Ли МекКвин, но е познат како Александар. Огромниот талент и визија што ги поседуваше оставија значајна трага во модната индустрија. Само неколку часа по неговата смрт, највлијателните личности во светот на модата ја искажаа својата огромна тага.

Тој беше најбрилијантниот дизајнер од неговата генерација и неговото влијание може да се види во начинот на кој што се облекуваат жените во изминативе 15 години. Ова е огромна загуба не само за британската мода, но и за модата во целиот свет.

Александра Шулман од британскиот Вог

МекКвин пред својата смрт ја подготвуваше својата нова колекција која требаше да биде покажана во Париз.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11172 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.