Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Дејвид и Викторија Бекам стилски координирани на настан додека се шират гласини дека се скарани со синот Бруклин

Дејвид и Викторија Бекам стилски координирани на настан додека се шират гласини дека се скарани со синот Бруклин

Дејвид и Викторија Бекам беа дел од гостите на вечерата TIME100 Impact во Њујорк додека и понатаму продолжуваат да се шират гласини дека се скарани со синот Бруклин.

На настанот, кој им оддаде почит на највлијателните филантропи, 51-годишната дизајнерка и 50-годишниот поранешен фудбалер беа стилски координирани. Парот носеше црни костуми со бела кошула.

Дејвид и Викторија Бекам Дејвид и Викторија Бекам

Парот позирашее и со кошаркарот Стеф Кари и неговата сакана.

Дејвид и Викторија Бекам Дејвид и Викторија Бекам Дејвид и Викторија Бекам

Претходно, Викторија преку социјалните мрежи му порача на својот сопруг дека се гордее со него.

„Се гордеам со тебе Дејвид. Со срце правиш сè што правиш и твојата страст да возвраќаш и да им помагаш на другите продолжува да ме инспирира секој ден. Изданието за филантропија е специјална чест – заслужено. Те сакам засекогаш“ – напиша таа.

Дејвид и Викторија Бекам

„Почестен сум што сум вклучен во 100-те највлијателни лидери во филантропијата на TIME100. Ви благодарам што ми дозволивте да ја истакнам важната работа која УНИЦЕФ ја врши низ светот. Децата имаат потреба од нас сега повеќе од кога било...“ – стои во постот на Дејвид посветен на ова признание.

Дејвид и Викторија Бекам Дејвид и Викторија Бекам Дејвид и Викторија Бекам

Бруклин Бекам, најстариот син на парот, ги пропушти сите важни семејни собири во изминатиот период. Ова дополнително ги засили шпекулациите дека тој и неговата сопруга Никола Пелц се во лоши односи со останатиот дел од семејството Бекам.

Дејвид и Викторија Бекам

Дејвид и Викторија имаат уште три други деца.

Дејвид и Викторија Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25854 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.