Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Дејвид Бекам му исполни желба на обожавател болен од рак

Дејвид Бекам му исполни желба на обожавател болен од рак

Дејвид Бекам се сретна со свој обожавател болен од рак, исполнувајќи му една од неговите најголеми желби.

Енди Мос, кој води тешка борба со рак од 2013 година, сними видео во кое му се обрати на славниот спортист. Во видеото, Мос објаснува дека покрај успехот во кариерата, му се восхитува на Бекам и заради неговата посветеност како татко и сопруг и за хуманоста. Мос вели и дека го крстил својот син Дејвид по поранешниот фудбалер.

Кога видеото стигнало до самиот Бекам, тој решил да му ја исполни желбата на болниот татко. Поранешниот фудбалер ги платил сите трошоци за Енди и неговото семејство да отпатуваат во Америка.

Дејвид Бекам и Енди Мос Дејвид Бекам и Енди Мос

На средбата присуствувале и Викторија и Бруклин Бекам.

Бруклин Бекам со Енди и Лејла Мос и нивните две деца Дејвид и МиаБруклин Бекам со Енди и Лејла Мос и нивните две деца Дејвид и Миа

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11072 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.