Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Дејвид Бекам возврати на критиките зашто ѝ дозволува на ќерка си да користи цуцла на 4 години

Дејвид Бекам возврати на критиките зашто ѝ дозволува на ќерка си да користи цуцла на 4 години

Дејвид Бекам ретко реагира на написите во медиумите кои го содржат неговото име, но не можел да остане имун на критиките од страна на „Daily Mail“ дека ѝ дозволува на 4-годишната ќерка да користи цуцла-лажалка.

Дејвид Бекам и ќерката Харпер

Познатиот фудбалер на Instagram објави фотографија од насловот објавен на британскиот сајт и напиша:

Зошто луѓето си мислат дека имаат право да критикуваат родител за неговите деца без да имаат некакви факти? Секој што има деца знае дека кога тие не се чувствуваат добро или имаат температура, ќе го направиш она што ги успокојува најмногу и во најголем дел од случаите, тоа е цуцла. Па, вие што критикувате, размислете двапати за она што го велите за туѓите деца, бидејќи вие всушност немате право да ме критикувате како родител...

Дејвид Бекам и ќерката Харпер

Бекам беше фотографиран од страна на познатиот медиум додека се шеташе со малата Харпер, но овој пат наместо пофалби дека е добар родител, доби критики.

Имено, „Daily Mail“ ги обвини Викторија и Дејвид дека го загрозуваат денталното здравје и развојот на говорот на малото девојче. Текстот насловен „Зошто Харпер, 4, сè уште користи цуцла? Експертите предупредуваат дека малото девојче на Викторија и Дејвид Бекам може да има дентални и говорни проблеми ако продолжи да користи цуцла“ привлече големо внимание од јавноста.

Дејвид Бекам и ќерката Харпер Дејвид Бекам и ќерката Харпер

По реакцијата на Дејвид на Instagram, многумина му ја дадоа својата поддршка на семејството Бекам и го споделија своето искуство.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11638 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.