Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Десната нога на Анџелина атракција на Оскарите, доби и профил на Twitter

Десната нога на Анџелина атракција на Оскарите, доби и профил на Twitter

Појавувањето на Анџелина Џоли на црвениот тепих никогаш не поминува незабележано, но на синоќешното доделување на Оскарите Џоли привлече поголемо внимание поради невообичаената поза во која застана пред фотографите.

Обидувајќи се да го покаже шлицот на својот фустан со цел да изгледа интересно, Џоли постојано ја вадеше десната нога и положбата на нејзиното тело изгледаше малку неприродно.

Анџелина Џоли Бред и Анџелина заедно со неговите родителиБред и Анџелина заедно со неговите родители Бред и Анџелина Анџелина Џоли
Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Откако ја повтори истата поза од црвениот тепих и на сцената, сценаристите на „The Descendants“ решија да го искористат тоа и да се пошегуваат имитирајќи ја Џоли.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли
Сценаристите на „The Descendants“

Сепак, по завршувањето на манифестацијата, Нет Никсон и Џим Раш појаснија дека не сакале да се шегуваат со Анџелина на лош начин, туку да ја покажат својата почит кон нејзиниот сексапил.

Денес ногата на Енџи е хит на интернет и веќе има свој профил на Twitter со речиси 10.000 следбеници.

Погледнете како Нет и Џим се пошегуваа со позата на Џоли:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11602 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.