Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Деми Ловато сподели искрена порака по предозирањето

Деми Ловато сподели искрена порака по предозирањето

Додека минува низ тежок период и закрепнува по предозирањето, Деми Ловато сподели порака во која отворено признава дека борбата со зависноста никогаш не завршува и дека сега потполно ќе се фокусира на себе.

Деми Ловато

Отсекогаш сум била отворена за моето патување со зависностa. Она што го научив е дека оваа болест не е нешто кое исчезнува со текот на времето. Тоа е нешто кое морам да се трудам да го надминам, а сè уште го немам направено тоа.

Сакам да му се заблагодарам на Бог што ме одржува жива и во добра состојба. До моите фанови, многу сум благодарна за сета ваша љубов и поддршката во изминатава недела и претходно. Вашите позитивни мисли и молитви ми помогнаа да испливам низ овој тежок период.

Сакам да им се заблагодарам на моето семејство, мојот тим и персоналот во „Cedars-Sinai“ кои цело време беа покрај мене. Без нив, немаше да бидам тука да го пишувам ова писмо за вас.

Сега потребно ми е време за да се лекувам и да се фокусирам на мојата трезност и на патот кон опоравување. Љубовта која ми ја покажавте никогаш нема да биде заборавена и со нетрпение го чекам денот кога ќе можам да кажам дека излегов на другата страна.

Ќе продолжам да се борам.

Деми

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato) on

Пред две недели, 25-годишната пејачка беше пронајдена во бесознание и хоспитализирана. Медицинската екипа која прва пристигнала во домот на Ловато, ја третирала со Naloxone, познат и по името Narcan, лек кој се дава за да го блокира ефектот на дрогата, особено при предозирање. Деми одбила да каже за каква дрога станува збор.

Нејзината состојба била многу лоша, но сега, откако се чувствува подобро, таа се согласила да започне да се лекува во центар за рехабилитација.

Деми Ловато

Ловато неколкупати има зборувано за зависноста од дрога и алкохол, а пред инцидентот, тврдеше дека е трезна шест години. Таа не крие дека за првпат пробала кокаин кога имала само 17 години и снимала детски филмови за Дизни.

Деми со години се бореше во зависност од дрога и алкохол, ментални растројства и нарушување во исхраната. Во 2010 година таа беше лекувана за биполарно растројство, булимија, самоповредување и зависност од алкохол и дрога.

Изјави од бројни извори алудираат на тоа дека Деми во изминатиот период не беше целосно трезна.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.