Џенифер Лопез им ја дава својата поддршка на Латиноамериканките. 53-годишната ѕвезда присуствуваше на настанот „Raising Latina Voices“, за да охрабри 400
Во „Universal Studios“, славната пејачка одржа моќен говор. Таа носеше бел костум од Fendi, обувки на ултра високи потпетици од Valentino и чантичка од Charles & Keith.

„Чувствувам дека на оваа земја ѝ требаат повеќе љубов и позитивност. Луѓе кои сакаат да прават добри работи. Да не се борат еден против друг, туку да си подаваат рака. Тоа ми е важно“ – изјавила Лопез, која преку својата непрофитна организација се залага за подобра економска положба на Латиноамериканките во САД.










