Александра Грант се огласи по повод неодамнешните шпекулации во медиумите дека тајно стапила во брак со Кијану Ривс.
52-годишната девојка на холивудскиот актер преку објава на Instagram јасно стави до знаење дека веста е неточна и дека не се венчале. Уметницата објави фотографија на која се бакнува со Ривс на скалите од „East Portal“ на кратерот Роден во Аризона.

Со објавата, Грант испрати порака до јавноста:
„Ова е вистинска фотографија. Не е вереничка фотографија, ниту AI објава за венчавка... едноставно бакнеж! Се наоѓаме на Roden Crater, а Кијану и Гард штотуку го завршија интервјуто со Џејмс Тарел за ‘Visionaries’“.
„Ја споделувам тука за да им се заблагодарам на сите за честитките за нашата свадба. Но, не стапивме во брак. Добри вести многу ни се потребни деновиве, но сепак ова е лажна вест, па внимавајте! Еве малку вистинска среќа".


Ова е првпат Грант директно да се осврне на гласините, кои веќе некое време кружат во таблоидите и на социјалните мрежи. Таа и Кијану објавија дека се во врска во 2019 година.
Извор близок до парот неодамна сподели дека Кијану е многу среќен со Александра и дека тие живеат заедно.
„Сите ја сакаат. Тие живеат заедно и честопати имаат пријатели на гости за вечера“ – рекол изворот.

