Роузи Хантингтон-Вајтли и Џејсон Стејтам ретко се појавуваат заедно на јавни настани, но беа неразделни за ревијата на Барбери во Лондон.
38-годишната манекенка и актерка мамеше погледи во стилска комбинација со кожен мантил од британската модна куќа, додека чекореше покрај 58-годишниот вереник, облечен во елегантно црна комбинација со лежерна нота.








„Бренд амбасадорот и долгогодишен пријател на модната куќа Роузи Хантингтон-Вајтли и Џејсон Стејтам пристигнаа на ревијата на Барбери за лето 2026“ – стои на објавата од модната куќа, која го поздрави нивното присуство и стилската усогласеност.


Роузи објави неколку фотографии на социјалните мрежи и уште еднаш потврди дека класичниот Барбери мантил останува нејзин моден избор број еден за есенските денови.





Двојката, која е заедно повеќе од една деценија и има две деца, привлекуваше внимание не само со својот изглед, туку и со блискоста. Настанот се одржа во рамките на Лондонската модна недела и собра бројни ѕвезди и пријатели на брендот.


