Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Дарко Илиевски ѝ го честиташе роденденот на сопругата со семејна фотографија и емотивна порака

Дарко Илиевски ѝ го честиташе роденденот на сопругата со семејна фотографија и емотивна порака

Дарко Илиевски не пропушти да го одбележи роденденот на својата сопруга Ивана.

Македонскиот пејач, кој моментално живее во Флорида, сподели семејна фотографија со саканата и двете деца, заедно со емотивна порака.

Со зборови полни љубов и благодарност, тој ѝ оддаде почит на жената која, како што вели, му го разубавува секој ден и е срцето на нивното семејство.

Дарко Илиевски со семејството

Денес, ја славиме најневеројатната жена која ја познавам – мојата сопруга, мојата најдобра пријателка и прекрасна душа која ги исполнува нашите животи со толку многу љубов. Секој момент со тебе е благослов и секојдневно му се заблагодарувам на универзумот што те донесе во мојот живот.

Ти благодарам што си моја партнерка, мој мир и неверојатна мајка на нашите две прекрасни деца. Гледајќи те како ги сакаш и се грижиш за нив (и за мене) е едно од најубавите нешта кои ги имам видено. Ми ги даде најубавите подароци кои некогаш можев да ги посакам – нашето семејство и живот исполнет со љубов.

Нека овој роденден биде исполнет со радост, смеа и сè што посакува твоето срце. Го заслужуваш сето тоа и повеќе. Те сакам.

Дарко Илиевски со семејството

Ивана доби честитки и од своите пријателки.

Дарко Илиевски со семејството Дарко Илиевски со семејството

Дарко и Ивана се во брак од 2016 година. Нивниот син Матео има пет години, додека ќеркичката Ана минатиот месец го прослави првиот роденден.

Дарко Илиевски со семејството

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25629 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.